ФОТО | Ева Лонгорија елегантна во креација на дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски
Холивудската актерка Ева Лонгорија повторно го одбра модниот дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски да ја „облече“ за јавен настан.
Славната актерка блесна во елегантна, модна креација во впечатлива жолта боја, која ја носеше на петтиот годишен настан на добротворната организација „This is about humanity“. На овој настан во Лос Анџелес ѝ беше оддадена чест на Лорен Санчез, вереницата на Џеф Безос.На фотографиите кои ги сподели на Инстаграм профилот, актерката позира покрај Лорен и Елса Колинс, ко-основачот на организацијата.„Многу ми е чест што бев дел од една ваква убава ноќ и ѝ ја доделив на Лорен Санчез, заслужената хуманитарна награда за нејзината дарежливост и посветеност, да им помага на семејствата на границата. Да се каже дека сум воодушевена од тебе Елса Колинс е потценување“, напишала актерката под фотографиите.
Инаку, ова не е прва соработка на Матичевски со Лонгорија. Актерката досега неколкупати се има појавено на различни свечености во неговите дизјанерски парчиња.Таа носеше негова креација на промоцијата на својот нов подкаст, како и кога ја доби титулата Дама и прими орден од „Royal Corps of the Nobility of Asturias“.
Тони Матичевски освен Ева Лонгорија, ги има „облечено“ и светските ѕвезди Кристин Стјуарт, Џенифер Лопез, но и Пенелопе Круз.Тој е роден во 1976 година, во Мелбурн, Австралија. Неговите родители мигрирале од Македонија, тогаш дел од Југославија. Тој израснал во Седон, предградие на Мелбурн, каде живее голема македонска заедница.
コメント