ФОТО | Добредојде Јосиф: Павле Камилоски и Ирина Дишовска станаа родители
Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска пред неколку месеци организираа забава за најблиските на која открија дека очекуваат принова. Многу балони во розова и сина боја, торта и симпатични декорации го красеа локалот каде парот ја одржа прославата.
Пејачот и планинарката сега го дочекаа и најсреќниот ден – денеска станаа родители на момче. Среќните родители на новородениот син му го дадоа името Јосиф.
Честитки до новопечените родители пристигнуваат од сите страни.
Павле Камилоски и Ирина Дишоска: Фото/ Принтскрин/ Инстаграм/ Софка Камилоска
„Ваква љубов раѓа 3.450 г и 52 см“, напиша на Инстаграм сестрата на Павле, Софка Камилоска, покрај фотографијата на која Павле и Ирина насмеани се бакнуваат преку болничкиот прозорец.
Инаку, Павле и Ирина пред неколку месеци ја крунисаа својата љубов во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“ каде пред Бог се заколнаа на вечна љубов.
Comments