top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Длабоко деколте и мрежест фустан: Дакота Џонсон покажа речиси сѐ во провокативна креација на „Гучи“

13.02.2024 Februari Vtornik

Фото: Profimedia

Американската актерка Дакота Џонсон (34) воодушеви со својот изглед на премиерата на нејзиниот нов филм „Мадам Веб“ („Madame Web“) во Лос Анџелес, САД.

Таа храбро ја покажа својата завидна фигура во сребрен мрежест фустан на „Гучи“, направен од блескав, сребрен материјал кој потсетува на темата на филмот. Исто така, екстремно длабокото деколте е нешто што го привлече вниманието на сите присутни.

Фото: Collin Xavier/Image Press Agency ABACA / Abaca Press / Profimedia

Фото: Collin Xavier/Image Press Agency ABACA / Abaca Press / Profimedia

Џонсон го искомбинира фустанот со црни сандали, а што се однесува до модните додатоци, актерката се одлучи за сребрен ѓердан на кој бил прикачен голем дијамантски привезок.

Фото: Jeffrey Mayer/MPI / Capital pictures / Profimedia

Да потсетиме, Дакота Џонсон ја игра главната улога во филмот, Касандра Веб. Таа е болничарка од Њујорк, која почнува да покажува знаци на видовитост. Принудена да се соочи со откритијата за нејзиното минато, таа мора да заштити три млади жени од мистериозен противник кој сака нивна смрт.

Покрај Џонсон, во филмот глумат и Сидни Свини, Селест О’Конор и Изабела Мерсед.




0 views

Comments


bottom of page