top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Голем интерес за изложбата на Михаил Корубин, Каролина Гочева го поддржа својот сакан

Пред многу пријатели и почитувачи на неговите дела, уметникот Михаил Корубин сношти во Чифте амам ја отвори изложбата „Визуелна артикулација“, во рамките на Скопско лето.

– Претставени се 13 дела, масло на платно, за кои се надевам дека ќе ви се допаднат – рече Корубин на изложбата. Уметникот се заблагодари на соработката на Дита Ставрова – Ќерими, директорка на Чифте амам, и на Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура и уметност, кои ја отворија изложбата заедно со него.

Никола Глигоров рече дека му е драго што Скопско лето догодина ќе слави јубилеј, 45 години./Милица Џаровска

Изложбата разбуди голем интерес кај скопјани. Уникатните дела на Корубин носат и впечатливи наслови: „Есенција“, „Тајна“, „Смелост“, „Слобода“, „Поглед“, „Копнеж“, „Будење“…Секој од гостите си го наоѓаше својот фаворит, а многумина се фотографираа пред сликите.

– Секојдневно гледаме по стотици ликови, но сепак ќе се појави некој лик што ќе ве изненади, натажи, воодушеви или насмее. Фасцинантно е колку сме генетски исти, а сепак толку различни. Нос, уста, очи, веѓи – вели Корубин за своите дела.

Милица Џаровска

На изложбата, во друштво на својата мајка Светлана која дојде од Битола, беше сопругата на Корубин, поп-ѕвездата Каролина Гочева.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Дел од гостите беа музичарот Слаткаристика со сопругата Сања Николиќ, поп-ѕвездата Тамара Тодевска со децата, диџејот Зоки Бејбе, моделот Катарина Ивановска, актерката Амернис Нокшиќи, сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, семејството на Михаил Корубин и пријатели од светот на уметноста.

Фото: Инстаграм/Каролина ГочеваФото: „Слободен печат“/Милица ЏаровскаФото: „Слободен печат“/Милица Џаровска

Михаил Корубин е роден во Скопје во 1986 година. Тој е третата генерација визуелни уметници во неговото семејство. Син е на Рубенс и Лиле Корубин, а внук на Миле Корубин. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, а магистрирал сликарство на истиот факултет во класата на професор Благоја Маневски.








1 view

Comentarios


bottom of page