top of page

ФОТО ГАЛЕРИЈА | Холивудските ѕвезди блеснаа на розовиот тепих на премиерата на „Barbie“

Маргот Роби, Рајан Гослинг и ѕвездите на „Barbie“ пристигнаа во Лос Анџелес на светската премиера на филмот во режија на Грета Гервиг.

Розoвиот тепих беше поставен за ѕвездите меѓу кои беа Иса Реј, Кејт Мекинон, Симу Ли, Америка Ферера, Ники Минаж и други. Били Ајлиш и Дуа Липа, кои се дел од саундтракот на филмот, беа исто така присутни во премиерата.

Роби беше искрено возбудена за филмот иако неодамна откри дека се сомневала во тоа дека сценариото ќе може да оживее на екранот.

„Првиот пат кога го прочитав сценариото за Барби, мојата реакција беше: „Ах! Ова е толку добро. Колку е штета што никогаш нема да ја види светлината на денот. Никогаш нема да ни дозволат да го снимаме овој филм “, изјави таа за „БАФТА“.

Маргот Роби, Рајан Гослинг/ Фото: EPA-EFE/NINA PROMMERНики Минаж, Били Ајлиш, Дуа Липа/ Фото: EPA-EFE/NINA PROMMERИса Реј, Кејт Мекинон, Гал Гадот/ Фото: EPA-EFE/NINA PROMMERЕшли Грахам, Ава Макс, Ариана Гринбалт/ Фото: EPA-EFE/NINA PROMMERЕлизабет Ром, Кирси Клемонс, Шај Мичел/ Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER








 
 
 

Comments


bottom of page