top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО+ВИДЕО | Џеј Ло мами воздишки во новиот спот: Ги засени и помладите колешки со згодното тело

31.01.2024 Januari Sreda

Американската пејачка Џенифер Лопез (55) го претстави видеозаписот за песната „Can‘t Get Enough“, во соработка со 25-годишната раперка Лато.

Една од најголемите ѕвезди на светската поп сцена, но и горда мајка на две деца, ги покажа завидните стомачни мускули и ги „посрамоти“ своите многу помлади колешки.

Фото: Jennifer Lopez/YouTube / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Лопез е позната по нејзините танцувачки способности, кои ги покажа и во овој видеозапис. Исто така, таа смени неколку „жешки“ комбинации за време на четириминутното видео, поради кои нејзините обожаватели останаа без зборови.

Фото: Jennifer Lopez/YouTube / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

На почетокот од спотот, таа е речиси гола на кревет, а носи само проѕирна наметка со која не сокрива многу. Но, според многумина, Лопез е најатрактивна на сцената кога е во црно бикини и се спушта од балкон со помош на јаже.

Инаку, песната „Can’t Get Enough“ ќе биде дел од нејзиниот претстоен албум „This Is Me… Now“.




4 views

Comments


bottom of page