ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларен огномет ја осветли „Саграда Фамилија“ по благословот на папата
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 Juni Cetvrtok
Спектакуларното инаугурирање на последната голема кула на „Саграда Фамилија“, ја претвори Барселона во сцена за историска прослава.Илјадници луѓе ги исполнија улиците околу базиликата на визионерскиот архитект Антони Гауди за да присуствуваат на церемонија обележана со емоции и музика, шоу со дронови и импресивен приказ на светла и огномет што го осветлија најзначајниот споменик на шпанскиот град, пишува „Еуроњуз“.
Церемонијата ја водеше папата Лав XIV, кој служеше посебна миса по повод стогодишнината од смртта на Гауди – архитектот кој посвети повеќе од четири децении од својот живот на дизајнирање и изградба на базиликата.
Тој, исто така, ја благослови новата Кула на Исус Христос, највисоката од кулите на базиликата, што ја направи „Саграда Фамилија“ највисоката црква во светот.
Околу 120.000 луѓе се собраа на улиците во близина на базиликата, каде што беше спроведена голема безбедносна операција поради присуството на кралот Фелипе и кралицата Летиција, како и шпанскиот премиер Педро Санчез.
По мисата, одржана во базиликата, Лав XIV излезе надвор за да го благослови големиот осветлен керамички крст што ја крунисува новата кула.
Додека детскиот хор изведуваше неколку музички дела, спектакуларно светлосно шоу ги трансформираше познатите витражи на базиликата во мозаик од бои видливи однадвор. Церемонијата заврши со неверојатен огномет лансиран од фасадата на базиликата.
Во својата проповед, папата ја опиша „Саграда Фамилија“ како ремек-дело од „камен, боја и светлина“ и рече дека таа претставува „знак на единство и хармонија за цела Шпанија“.








Comments