ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез „тресна“ на црвениот тепих, па се појави боса на сцената
28.02.2022 Februari Ponedelnik
Пејачката и актерка Селена Гомез падна на црвениот тепих, поради што церемонијата на доделување на наградите САГ ја водеше боса.
Актерката и пејачка Селена Гомез се појави на сцената на САГ-наградите боса, во црн кадифен фустан, што збуни многумина. На снимката се гледа моментот кога Селена го крева фустанот и јасно покажа дека не носи чевли, туку боса оди по блескавиот подиум.
Многумина се прашувале што се случило со убавата Селена, која за доделувањето на наградите го избрала гламурозен фустан на Оскар де ла Рента и чевли на Кристијан Лубутен. Но, тогаш се испливала фотографијата…
А, потоа и снимката – таа се сопнала додека доаѓала на церемонијата и најверојатно или ги оштетила чевлите или го повредила стапалото, поради што одлучила на сцената да излезе боса.
„Босоногата Селена е најдоброто издание на Селена досега“, напиша еден обожавател, додека друг се огласил на Твитер: „Босоногата #SelenaGomez е мојот омилен дел од #SAGAwards досега! Една гледачка ја нарекла Селена свој идол.
Comentários