top of page

ФОТО+ВИДЕО | Ријана се врати на карневалот во Барбадос — се појави во спектакуларен костим со кристали и пердуви

05.08.2026 Avgust Sreda

Ријана повторно беше една од главните ѕвезди на традиционалниот карневал „Гранд Кадумент деј“ во родниот Барбадос, појавувајќи се во впечатлив костим што веднаш го привлече вниманието.

Светската музичка ѕвезда им се придружи на учесниците во групата „Аура“, предводена од нејзиниот брат, и продефилира низ улиците на Барбадос во раскошна креација украсена со шарени кристали, реси, впечатлива круна и раскошни пердуви.

„Гранд Кадумент деј“ е завршниот настан на фестивалот „Кроп овер“, со кој се одбележува крајот на жетвата на шеќерната трска во Барбадос. Фестивалот има традиција што датира од 18 век и претставува еден од најзначајните културни настани во земјата.

Ријана со години го користи овој настан не само за да ги покаже своите впечатливи модни изданија, туку и да им оддаде почит на локалните дизајнери и барбадоската мода.

Во претходните години таа носеше металик костими, креации со големи пердувести крилја и впечатлив накит со кристали, а нејзините модни избори редовно се меѓу најкоментираните моменти од фестивалот.


 
 
 

Comments


bottom of page