ФОТО+ВИДЕО | Последно збогум: Илјадници луѓе се простија од Шинејд О’Конор
Денеска во Бреј, Ирска, на интимна исламска церемонија беше погребана пејачката Шинејд О’Конор. На самата церемонија присуствуваа десетина луѓе, но нејзините обожаватели и оддадоа почит со собирање во голем број по улиците, низ кои минуваше нејзината погребна поворка, пренесуваат странските медиуми
Фото: Facebook/ The Telegraph
Повеќе од 3.000 луѓе се собраа во нејзиниот роден град, за да се простат од ѕвездата, која почина минатиот месец на 56-годишна возраст. Расплакани и со букети цвеќиња во рацете, луѓето се приклучуваа на погребната поворка, додека го пееја нејзиниот најголем хит „Nothing compares 2 U“.
Во моментот кога поворката минуваше покрај нејзината куќа, по миг на тишина, се слушна огромен аплауз во нејзина чест. Обожавателите оставија и голем број писма, свеќи и цвеќиња пред нејзината куќа.
Фото: Facebook/ The Telegraph
На приватната комеморација, која семејството на пејачката ja одржа утринава, присуствуваа претседателот на Ирска, Мајкл Д Хигинс и Таоисех Лео Варадкар. Таму беа присутни и членовите на бендот „Ју ту“, Боно и Адам Клејтон, а пејачот Боб Гелдоф беше дел од поворката и присуствуваше на гробот додека беше погребана.
Боб Гелдоф Фото: Liam McBurney / PA Images / Profimedia
Фото: MOSTAFA DARWISH / AFP / Profimedia
Исламскиот центар на Ирска соопшти дека погребот ја покажал „убавата личност“ на пејачката О’Конор.
„Тоа беше многу духовно и го одразуваше нејзиниот ирски идентитет, како и нејзиниот муслимански идентитет. Ирската пејачка е неверојатно човечко суштество кое не само што беше одличен музичар и уметник, туку успеа да допре до срцата на милиони луѓе“ рече шеикот Умар Ал Кадри од Исламскиот центар.
Фото: Facebook/ The Telegraph
Фото: no, Pictured: Sinead O’Connor, Credit line: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Инаку, Шинејд стана славна ѕвезда ширум светот на почетокот на деведесетите. За време на нејзината богата кариера, таа објави 10 студиски албуми. Нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“, чиј автор е Принс, во 1990 беше прогласена за светски сингл број еден на Билборд музичките награди. Следната година ја доби наградата „Греми“ за нејзиниот албум „I Do Not Want What I Haven’t Got“.
Минатиот месец таа почина на 56-годишна возраст, една година откако нејзиниот син Шејн (17) си го одзеде животот.
Comments