ФОТО + ВИДЕО | Мартин Скорсезе се сретна со папата Франциск и му подари книга
01.02.2024 Februari Cetvrtok
Папата Франциск вчера го прими американскиот режисер и оскаровец Мартин Скорсезе како дел од приватна аудиенција во Ватикан. За време на кратката средба, Скорсезе на поглаварот на Католичката црква му подари книга со фотографии за неговиот филм номиниран за Оскар „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) и држеа филмска клапа пред камерите, пренесува „Дедлајн“.На снимката од средбата се гледа како папата Франциск ја прелистува раскошната книга со фотографии додека Скорсезе зборува од другата страна на големото биро.
Потоа Скорсезе присуствуваше на неделната генерална аудиенција на папата со неговата ќерка Франческа и во друштво на американската актерка Лили Гладстон (37), која ја има една од главните улоги во најновиот филм на Скорсезе и беше номинирана за Оскар во категоријата најдобра актерка.Ова не е прва средба на Скорсезе со папата. На крајот на мај 2023 година, тој ги прими познатиот режисер и неговата сопруга Хелен по Канскиот филмски фестивал каде што беше прикажан неговиот филм „Убијци на цветната месечина“.
„Ватикан њуз“ (Vatican News), официјалниот информативен сервис на Ватикан, подоцна објави слики од состанокот на својот Икс (поранешен Твитер) профил.
Comments