ФОТО+ВИДЕО | Мадона се појави без шминка: Ги криеше лицето и дланките
Мадона пристигна на аеродромот во Њујорк во вторникот, заедно со нејзиниот телохранител за да фати летот за Лондон, само 10 дена пред да ја започне својата концертна турнеја со 78 закажани датуми. Таа во Лондон ќе настапи на веќе распродадениот концерт во „О2“ Арената.
Кралицата на попот го заштити своето лице без шминка под очила за сонце Баленсиага, а беше облечена со широк светло портокалов блузон, црни панталони, тренерки во иста боја и соодветни патики за седумчасовниот лет, пишува „Дејли меил“.
Седумкратната добитничка на Греми – која има 39 милиони прегледи месечно на „Спотифај“ (Spotify) – го држеше американскиот пасош додека трпеливо чекаше на безбедносната линија со својата придружба.
Мадона, која беше хоспитализирана на 24 јуни поради „сериозна бактериска инфекција“ – ја изнајмила целата „АО“ Арена во Манчестер за „интензивни технички и генерални проби“ пред почетокот на турнејата, пишува „Д Сан“ (The Sun).
Comments