ФОТО+ВИДЕО | Лајонел Ричи и Кети Пери го разиграа кралот Чарлс на спектакуларниот концерт за крунису
ФОТО+ВИДЕО | Лајонел Ричи и Кети Пери го разиграа кралот Чарлс на спектакуларниот концерт за крунисувањето
Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила синоќа беа пречекани со овации од страна на илјадниците обожаватели кои присуствуваа на големиот концерт во замокот Виндзор, по повод неодамнешното крунисување на кралот.Кралската двојка беше сместена во кралската ложа, а покрај нив беа и принцот Вилијам и принцезата Кетрин, заедно со нивните деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот.Британскиот актер Хју Боневил го модерираше настанот од огромната сцена во Виндзор, а публиката броеше околу 20.000 Британци.На концертот настапија бројни врвни музичари, меѓу кои и Лајонел Ричи, како и Андреа Бочели и велшката оперска ѕвезда Брин Терфел. Подоцна, на сцената настапија и поп-ѕвездата Кети Пери и музичката група „Тејк дет“.Престолонаследникот, принцот Вилијам излезе на сцената и одржа говор посветен на неговиот татко.
„Тато, сите сме горди на тебе“, рече принцот Вилијам, пред да ја пофали посветеноста на кралот, како и неговата еколошка и добротворна работа.
Принцот Вилијам, исто така, рече дека покојната кралица Елизабета Втора би била „многу горда“ на кралот Чарлс III и неговото крунисување.
„Знам дека таа е таму горе, нежно нè набљудува и би била многу горда мајка“, рече Вилијам во својата говор, проследен со овации.Во својот говор, принцот Вилијам им оддаде почит и на британските работници и државни службеници, вклучувајќи ги наставниците и здравствените работници, од кои голем број штрајкуваа во последните месеци.
Холвидуската ѕвезда Том Круз, актерката Џоан Колинс, телевизискиот водител Бер Грилс и пејачот Том Џонс се јавија преку видеопораки.
Беа прикажани и серија однапред снимени сцени кои откриваат малку познати факти за монархот и проекции на британските знаменитости и природни убавини.
Во проидолжение целото видео од концертот
Comentários