ФОТО+ВИДЕО | Која е Барбара Бач? Обвинета е дека го исмејуваше Исус на отворањето на Олимписките игри во Париз
30.07.3034 Juli Vtornik
Не стивнуваат реакциите за настапот на отворањето на Олимписките игри, во текот на кој, според некои толкувања, беше карикирана уметничката фреска на Леонардо да Винчи – Тајната вечера. Една од хероините на претставата е активистката Барбара Бач (43), која според нив го претставувала Исус.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Иако организаторите им се извинија на католиците и на другите христијани кои беа налутени од сцената на свеченото отворање, дебатата не стивнува.
Диџејката и продуцентка Барбара Бач, поради својот настап го привлече вниманието на отворањето на Олимписките игри во Париз. Многумина ја критикуваа бидејќи сметаат дека го исмејувала Исус.
Таа седеше на средина, а околу нејзе имаше дваесетина изведувачи помеѓу кои и дрег-кралици. На главата носеше украс кој потсетуваше на ореол.
По многубројните критики од страна на десничарските политичари и верници, организаторите на Олимписките игри упатија извинување и изјавија дека намерата не им била да навредат никого. Некои настапот го сметаат како „славење“ на ЛГБТ заедницата и инклузивноста.
Барбара е истакната личност и активистка во ЛГБТ-заедницата. Ја промовира телесната позитивност, односно љубовта кон сопственото тело. За да ја крене свеста за телесната позитивност, таа позираше гола за насловната страница на магазинот „Телерам“.На својот инстаграм-профил сподели снимка од својот перформанс на Олимписките игри и напиша: „Јас сум ‘љубовна активистка’, диџејка и продуцентка од Париз. Мојата цел е да ги обединам луѓето, да ги соберам и да ширам љубов преку музиката за сите да танцуваме и да направиме срцата да ни чукаат во ист ритам. Музиката звучи подобро кога сме сите вклучени“.
Таа својата кариера ја започнала настапувајќи во барови и на забави во Монпеље во Франција, под псевдонимот „Scratcheuse de gazon“. Подоцна се преселила во Париз и почнала да настапува во концертските сали „Роза Бонер“, „Машин ди Мулен Руж“ итн.
Барбара ги застапува правата на хомосексуалните личности. Поради придонесот кон ЛГБТ-заедницата во 2021 година, доби награда за ЛГБТИ-личност на годината од француското здружение на ЛГБТИ-новинари.
Comments