top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО+ВИДЕО | „Каква бламажа!“: Џон Траволта заигра на Санремо, гледачите незадоволни од танцот

Вчера се одржа втората фестивалска вечер на Санремо, телевизиска содржина што ја проследија повеќе од 10 милиони гледачи пред малите екрани во Италија.

Сепак, многумина не беа импресионирани од гостувањето на холивудската ѕвезда Џон Траволта и неговите танцувачки вештини на сцената.

Најавите беа ветувачки: веќе неколку недели однапред се знаеше дека на втората фестивалска вечер во театарот Аристон ќе се појави познатиот американски актер и дека ќе покаже дека сè уште знае да танцува на познатите песни од филмовите „Треска на саботната вечер“ („Saturday Night Fever“), „Брилијантин“ („Grease“) и „Евтини приказни“ („Pulp Fiction“).

Па, така Траволта и водителот Амадеус изиграа три точки на познатите песни „Stayin Alive“, „Greased Lightnin“ и „You Never Can Say“.„Беше очигледно дека Траволта навистина не сакаше да го направи тоа. Зошто го принудивте човекот да танцува кога не сака да го прави тоа. Зошто му побаравте да доаѓа кога овој ангажман не му се допаѓа?“, искоментираа италијанските медиуми, кои објавија фотографии од разиграниот Траволта.„Да добиев толку пари за неколку танцови движења, од срце ќе се насмеев“пишуваат коментаторите на социјалните мрежи, повикувајќи се на медиуми кои шпекулираат дека актерот добил најмалку половина милион евра за неговото појавување на Санремо.

Публиката не беше воодушевена од овој настап, па многумина велат дека ниту на Санремо, ниту на Траволта не им бил потребен ваков срам.




1 view

Comments


bottom of page