top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО+ВИДЕО | Енергична и секси: Шакира во мини здолниште и маичка со светки ја „запали“ сцената на полувремето на Копа Америка

16.07.2024 juli Vtornik

Колумбиската пејачка Шакира синоќа настапи на полувремето од финалето на Копа Америка на стадионот Хард Рок во Мајами Гарденс и воодушеви со својата енергична изведба и специјалните ефекти на сцената.Нејзиниот настап содржеше и елементи со вештачка интелигенција кои вклучуваа приказ на волчица додека завива на самиот почеток на настапот, по што на сцената се појави колумбиската пејачка.Шакира се појави во светкава комбинација од сребрен топ и кратко здолниште и сребрени чизми. За време на изведбата на енергичната песна за отворање и хитот кој ја одбележа нејзината кариера „Hips Don’t Lie“, ѝ се придружи толпа танчери, а пиротехниката го комплетираше целото искуство.За нејзината изведба на „Te Felicito“, „TQG“ и „Puntería“ од нејзиниот последен албум „Las Mujeres Ya No Lloran“, специјалните ефекти како зелените пламени, црвените драгоцени камења и морето од смарагдно зелени бранови ја опкружија и надополнија сцената на која настапуваше.Инаку, Шакира ќе тргне на светска турнеја која ќе започне во ноември од арената Акришур во Калифорнија. Тоа ќе биде прва турнеја на колумбиската ѕвезда од 2018 година.

„Мислам дека ова ќе биде најголемата турнеја во мојата кариера досега, најобемната, со најголем опсег“, изјави Шакира претходно за „Ролинг Стоун“.

Таа додаде дека нејзините концерти обично траат околу 90 минути, но дека овие ќе траат нешто повеќе од два часа.








3 views

Kommentare


bottom of page