top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

(ФОТО) Бора Чорба ги врати концертите во Скопје

28.06.2021 Juni Ponedelnik

Култниот бенд „Рибја чорба“ е еден од првите кои ја вратија концертната сцена во Македонија по долгата пауза поради ковид-ситуацијата. Фронтменот Бора Ѓоргевиќ овој пат се воздржа од политичките вицови со кои ја засмејува публиката, но стариот лицес умешно го издржа двочасовниот концерт на паркинот кој граничи со Аква Паркот кај А1 Арена „Борис Трајковски“.

Бројните фанови беа нетрпеливи и едногласно ги испеаја сите најголеми хитови уште пред да се појави на бината. Искусните рокери изведоа и неколку нумери од новиот албум, за кои Бора Чирба рече дека поради пандемијата не стигнале се уште добро да ги промовираат пред публиката, а еден од нив беше „Убијају рок'ен'рол““.

Концертот му го посвети и на членот-основач на бендот Миша Алексиќ, басистот кој почина од Ковид-19 во меѓувреме.

„Помина една и пол година срање наречено пандемија од кога последен пат се видовме. Во меѓувреме останавме без нашиот басиста Миша Алексиќ и затоа би ве замолил да му оддадеме минута аплуаз. Слава му. Сигурен сум дека нè гледа одозгора и навива за сите нас“, рече Чорба.

Сепак најмногу време им беше посветено на старите хитови како што се „Остачу слободан“, „Кад сам био млад“, „Погледај дом свој анџеле“, „Радичу шта год хочу“, итн.
















0 views

Comments


bottom of page