ФОТО: Арената „Тодор Проески“ доби нов тревник и е подготвена за мечот со Англија
- Aleksandar Santovski
- Nov 17, 2023
- 1 min read
Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар со репрезентацијата на Англија. На целиот проект му претходеа интензивни работни активности кои резултираа со исполнување на зацртаната цел целосна ревитализација на тревната површина.
Сега теренот и тревникот во Скопје ќе бидат достојни за дочек на Англичаните, кои в понеденик доаѓаат во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. На Арената има хибридна трева, според највисоките стандарди на УЕФА и ФИФА. Освен стандардите, се гарантира и долговечност на овој проект, односно рок на траење од осум до десет години, но и зголемен степен на користеност.
Последен пат тревникот во Скопје беше променет пред единаесет години, па сега се очекува новиот да биде долго користен. Освен за репрезентацијата, новата подлога на „Тодор Проески“ ќе им послужи и на клубовите Вардар и Работнички, кои во следниот период ќе се вратат да играат натпревари од ПМФЛ.
„Дебито“ на новиот тревник секако ќе биде в понеденик, на натпреварот меѓу Македонија и Англија во 20:45 часот.


Comments