top of page

фото Анисимова со пофалби за Ѓорческа: Македонката игра одличен тенис и дојде со добар ритам тенис

30.06.2026 juni Vtornik

Американската тенисерка Аманда Анисимова имаше само пофални зборови за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нивниот дуел во првото коло на Вимблдон, кој го доби со 6-3, 6-2.

Иако ја оправда фаворитската улога и без поголеми проблеми обезбеди место во втората рунда, Анисимова истакна дека Ѓорческа пристигнала во Лондон во добра форма и дека одиграла квалитетен меч.„Ѓорческа одигра неколку натпревари тука, имаше ритам и игра одличен тенис. Среќна сум што се вратив тука после ланското финале и што се пласирав во второто коло. Во последните седмици напорно работев за овој турнир, сакам одново да се покажам во одлично светло и да стигнам што подалеку“, изјави Американката по натпреварот.

Анисимова, која минатата година играше во финалето на Вимблдон, со оваа победа успешно го започна својот настап на овогодишниот Грен слем и продолжува во второто коло.


 
 
 

Comments


bottom of page