top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФОТО | Андријана Јаневска стана доктор на науки: Моите истражувања покажаа дека Македонците отсекога

Македонската пејачка и музичарка Андријана Јаневска сподели дека успешно ја одбранила докторската дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот! Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“, напиша Јаневска во објавата на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Исто така, таа ѝ се заблагодари и на комисијата, која ѝ дала голема поддршка во целиот процес.

„Голема благодарност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов. Секако, најголема благодарност ѝ должам на проф. д-р Родна Величковска, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа. Ѝ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор“.





1 view

Comments


bottom of page