top of page

(ФОТО) 26 јули 1963-2026 -63 години од Скопскиот земјотрес - Денот кога Скопје засекогаш се промени - Државниот архив сподели сеќавања

26.07.2026 Juli Nedela

По повод годишнината од разорниот земјотрес, кој засекогаш го промени Скопје, денеска од Државниот архив на Македонија споделија кратка ретроспектива.

Во 05:17 часот, градот се разбуди во тишина што следеше по најсилниот татнеж. За само дваесетина секунди, исчезнаа улици, домови, спомени и човечки животи. Илјадници семејства останаа без покрив, а цели маала беа претворени во урнатини.

„Се урна едно безгрижно Скопје, она со долгите летни вечери, со прошетките по Корзо, игранките, ручеците во Кермес и Маргер, животот што течеше мирно покрај Вардар. По 26 јули, ништо повеќе не беше исто.

Од пепелта и болката, се роди нешто величествено. Светот подаде рака, ги сруши бариерите и го прегрна ранетото Скопје. Токму тука, на овие урнатини, се роди светската престолнина на солидарноста, доказ дека хуманоста нема граници кога е најтешко.

Старото Скопје остана да живее во фотографиите, документите и сеќавањата што денес ги чува Државниот архив, како сведоштво за еден град, живот и луѓе, град кој иако ранет, најде сила повторно да се издигне и никогаш не беше заборавен.

Во спомен на жртвите. Во чест на преживеаните и на сите кои помогнаа да се изгради одново. Во име на Скопје, градот што никогаш не престана да се бори“, се вели во објавата на социјалните мрежи на Државниот архив.


 
 
 

Comments


bottom of page