Search
Форум за опасноста по културното наследство при воени конфликти
- Aleksandar Santovski
- Nov 15, 2023
- 1 min read
„Опасност по културното наследство при воени конфликти – состојби, обврски и мерки за заштита“ е насловен форумот кој денеска напладне ќе се одржи во киносалата на Музејот на Македонија.
Форумот го организираат Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ и Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) во соработка со Музеј на Република Северна Македонија.
-Главна цел на форумот е акцентирање на значењето на превентивната заштита на културно наследство и соодветната реакција која треба да ја понудат институциите од културата во случаи на воени конфликти, наведуваат организаторите на форумот.

Comments