top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Формула 1 ги објави домаќините на шесте спринт-трки в година

12.07.2024 Juli Petok

Формула 1 ги објави шесте места што ќе бидат домаќини на спринт-трки во 2025 година, а тоа се Кина, Мајами, Белгија, Остин, Бразил и Катар, пишува „Скај спорт“. Таму ќе се организираат скратените трки на 100 километри, во саботите. На место на спринт-трката во Австрија, која одржува од 2022 година, в година ќе се вози во Белгија. Нема да има промена на сегашниот формат на спринт-трките, кој бележи значително зголемување на ТВ и публика на социјалните мрежи во петоците во споредба со конвенционалните петоци кога има само тренинзи, пишува „Скај спорт“.

Ф1 веќе го објави својот календар за 2025 година, а Австралија ќе биде домаќин на отворањето на сезоната на 16 март, една недела подоцна е трката во Кина, каде што ќе се вози првиот спринт-викенд на сезоната, од 21 до 23 март, следниот спринт е во Мајами од 2 до 4 мај, пред Белгија од 25 до 27 јули. Трите спринта во втората половина од сезоната ќе бидат исти како годинава, во Остин, САД (17-19 октомври), Сао Паоло (7-9 ноември) и во Катар (28-30 ноември), пишува „Скај спорт“.

– Спринтот беше голем успех за Формула 1, носејќи им на сите наши гледачи повеќе акција и трки на патеката. Доказот за тоа го гледаме во податоците за нашата публика, посетеноста во петоците – рече претседателот на Ф1, Стефано Доменикали, пренесе „Скај спорт“. Н.М.


1 view

Comments


bottom of page