Флорентино влегол во соблекувалната на Реал и го одложил пресот на Анчелоти
Ремито на Реал Мадрид во Севилја овозможи Барселона да се оддалечи на девет бода разлика на врвот на табелата, а тоа воопшто не му се допаднало на претседателот Флорентино Перез.
Иако тоа го прави ретко, Перез вчера се симнал во соблекувалната на Реал и имал подолг разговор со тренерот Карло Анчелоти.
Прес-конференцијата на Анчелоти требало да биде прва на распоредот, но тој зборувал по Мануел Пелегрини, затоа што се задржал долго во соблекувалната.
Шпанските медиуми тврдат дека Перез е незадоволен уште од поразот во финалето на Суперкупот, а голем дел од вината префрла на Анчелоти и неговиот избор на фудбалери на теренот.
Шпекулациите одат дотаму што местото на Италијанецот веќе не е толку сигурно и епилогот ќе зависи од резултатите во Лигата на шампионите.
Comments