top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Флик ја гледа „пошироката слика“ и посочи каде грешат Германците

Ханси Флик ја презема одговорнсота за големото разочарување и елиминациајта во групната фаза во Катар, па дури не отфрли дека може да си замине од репрезентацијата по само 15 месеци како селектор.

Тренерот кој оствари огромни успеси во Баерн Минхен беше гледан од германската јавност како „спасител“ на селекцијата, но овој турнир во Катар покажа дека проблемите во германскиот тим се многу посериозни и потребно е повеќе време за да се поклопат коцките онака како што се замислува.

Флик дополнително ќе треба да соопшти дали ќе остане селектор и дали ќе го води тимот во подготовките за Европското првенство на кое Германија ќе биде домаќин, но пред да го направи тоа, реши да ја погледне „пошироката“ слика и да ја посочи најголемата грешка на Германците.

Според Ханси, главниот проблем се крие во младинските школи, каде веќе не се создаваат врвни играчи на двете суштински полиња како одбраната и нападот.

– Вистина е дека имаме играчи кои се дел од топ клубови и моравме да се пласираме во осминафиналето. Но, кога ќе се погледне пошироката слика, мора да сфатиме дека за добра иднина на германскиот фудбал мора да ги промениме работите на тренинзите, започнувајќи од младинските школи.

– Плачеме за класична „деветка“ и за дефанзивци и бекови веќе со години. Одбраната секогаш била главната сила на германскиот фудбал, а сега не е така. Тоа се елементите на кои мора да се работи во младинскиот сектор во Германија. Шпанија загуби од Јапонија, но иако се случи тоа, тие имаат добра школа и имаат многу млади играчи на располагање. Во наредните 10 години ќе биде многу важно за нас да ги одбереме вистинските чекори при градењето на нови фудбалери, – посочи Флик.


1 view

Comments


bottom of page