top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Флик за „лудиот“ Милер: Тој е феномен, намерно ме нервираше

04.06.2021 Juni Petok

Томас Милер е еден од најпозитивните ликови во светот на фудбалот, човек кој е легенда на Баерн Минхен и на германскиот фудбал. Тој имаше многу важна улога во сите успеси на клубот, националниот тим во изминативе 10-15 години, немаше проблеми со ниту еден тренер и секогаш максимално си ја одработуваше задачата без разлика дали е стартер или резервист Новиот германски селектор Ханси Флик имаше можност да соработува за офанзивецот, па од сопствено искуство обелодени што значи да се тренира и да се води играч каков што е членот на баварците. -Томас е феномен за мене. Тој не прави се како што треба во играта, но ви носи значително повеќе моменти на радост како тренер отколку моменти кога сте вознемирени од него – на пример, кога ќе излезе на корнер кога не треба, ја губи топката и се отвара контранапад. -Понекогаш се смеам, имам чувство дека тоа намерно го прави за да ме изнервира и го крене адреналинот. но значи толку многу за тимот и овој клуб, никогаш повеќе нема да има некој како него. Она што го постигна во својата кариера е уникатно. Згора на тоа, тој е неверојатно приземјен и навистина добро момче, -истакна Флик.


1 view

Comments


bottom of page