Фиш направи споредба и донесе заклучок: Ѓоковиќ од 2011 година е најдобар играч на сите времиња
Сите оние кои редовно ги пратат тениските случувања добро знаат кој е Марди Фиш, рекет кој своевремено беше еден од најдобрите на светот. Тој освои 6 титули во кариерата и негов најдобар пласман беше 7. место на АТП листата и тоа во 2011 година. Американецот сега е во пензија, па од денешна перспектива посочи кој за него е најдобар играч на сите времиња. Според него се издвојуваат две имиња, Новак Ѓоковиќ од 2011 година и Рожер Федерер од 2005 година, а според него најквалитетна верзија во историјата е таа на Србинот пред повеќе од една деценија. -Новак Ѓоковиќ од 2011 година и Рожер Федерер од 2005 година беа најдобрите играчи против кои играв. Да играа двајцата на средно брз терен, мислам дека Новак ќе победеше. Да играа на побрза подлога, мислам дека Рожер ќе победеше. На секоја спора подлога, Новак би победил. Ѓоковиќ од 2011 година е најдобар играч на сите времиња, -порача Фиш. Инаку Марди ги има загубено сите седум дуели со Ѓоковиќ, додека против Федерер има една победа во девет мечеви.
Comments