top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

ФИФА го санкционираше Шпанецот: Рубиалес три години исфрлен од фудбалот

Дисциплинската комисија во Светската фудбалска федерација (ФИФА) му ја соопшти казната на Луис Рубиалес кој до неодамна беше прв човек на шпанскиот фудбал.

Рубиалес го прекршил правилото број 13 на ФИФА и поради тоа е сакциониран на три години, поточно во овој период тој нема да може да работи ништо поврзано со овој спорт.

Оваа казна за Луис доаѓа откако направи еден непромислен потег по титулата на Шпанија на СП каде на доделувањето на златниот медал ја бакна во уста фудбалерката Јени Ермосо. Ермосо тврдеше дека не дала согланост за ова по што Рубиалес се соочи со многу критики, коментари и мораше да се повлече од функцијата претседател на шпанската федерација.

Сега доби и казна од ФИФА, одлука за која Луис може да поднесе жалба во наредните десет дена.


0 views

Comentários


bottom of page