top of page

ФИФА ги објави резултатите од гласањето: Ова е најдобриот тим на Светското првенство (Фото)

22.07.2026 juli Sreda

Светското првенство во САД, Мексико и Канада беше 23-то по ред и доби своја завршница во Њу Џерси во неделата, а три дена по одиграното финале, ФИФА го објави тимот на турнирот изгласан од страна на најверните фудбалски следбеници.

Фудбалските фанови имаа можност да гласаат за најдобрите фудбалери кои прикажаа највпечатливи перформанси на турнирот, а на крајот изборот падна на 11-мина играчи.

ФИФА ова попладне го објави идеалниот тим на 23-от фудбалски мундијал, во кој по најмногу претставници имаат новиот светски шампион Шпанија, но и Франција (по три).

Аргентина имаа двајца претставиници во капитенот Лео Меси и стоперот Лича Мартинез, а изненадување е тоа што од Англија место во идеалниот избор има за Белингам, но не и за Кејн.

Идални 11 според фановите: Возиња, Кукурелја, Поро, Мартинез, Упамекано, Родри, Олисе, Белингам, Меси, Халанд и Мбапе.


 
 
 

Comments


bottom of page