top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фитнес тренерот кој ја мина цела кариера заедно со Федерер: Рожер не се пензионира само поради колен

Фитнес тренерот кој ја мина цела кариера заедно со Федерер: Рожер не се пензионира само поради коленото

Рожер Федерер имаше многу лојален тим во измиантите 24 години и речиси да не ја менуваше добитната комбинација, а еден од оние кои се најдолго со него е фитнес тренерот кој беше задолжен за негово брзо рекуперирање и враќање на терените.

Пјер Паганини беше верна сенка на Федерер цели 22 години и е со него од самите почетоци на Швајцарецот во професионалниот тенис, па откако Рожер реши да стави крај на играчката кариера која завршен чин ќе има на претстојниот викенд во Лондон на Лејвер Купот, фитнес тренерот признава дека ова за него е големо олеснување.

– Федерер не се повлекува само поради коленото. После повеќе од две децении и повеќе од 1500 мечеви, тој имаше и безбројни тренинг сесии. За мене вистинско чудо е што издржа досега, особено последните пет години.

– Го изложи своето тело на највисок напор, но од месец јули навака, сфати дека на секој тренинг му е потребен се поголем напор за да одговори на барањата.

– Искрено, повлекувањето на Рожер е олеснување за мене, тоа е така бидејќи веќе не сакаме да гледаме како се повредува и одново минува низ истото. Гледав како расте и зрее сите овие години, очекувам нашето пријателство да остане исто по крајот на кариерата, – вели Паганини.



1 view

Comments


bottom of page