Фис со пресврт до прва победа на завршниот турнир во Торино (ВИДЕО)
17.11.2026 Noemvri Vtornik
Францускиот тенисер, Артур Фис забележа победа над Рафаел Ходар во првиот натпревар во поединечна конкуренција на АТП завршиот турнир што се одржува во Торино.
Ова беше соочување на двајца рекети кои претрпеа порази во првите средби во групата Џон Мекинро и токму затоа резултатот беше од огромно значање. Фис беше оној кој подобро се снајде и со пресврт дојде до славје со кое направи исчекор на патот да се најде во наредната фаза на Мастерсот.
Ходар го доби првиот сет со 6-4 и наместо тоа да му донесе поголема самодоверба тоа го разбуди противникот кој во продолжението го крена нивото на играта, па со 6-2 и 6-2 дојде до славје кое е прво француско на оваа сцена (завршен турнир) по она на Жо-Филред Цонга во 2011 година.







Comments