top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Фиорентина го потврди најлошото сценарио: Директорот Бароне ја загуби битката во болницата во Милано

19.03.2024 Mart Vtornik

Италијанскиот фудбал денеска е завиен во црно, а причина е смртта на генералниот директор на Фиорентина, Џо Бароне.

Членот на Серија А потврди дека Бароне не успеал да излезе како победник во тешката битка и починал како последица на срцевиот удар кој го доживеа во неделата.

Бароне почина еден ден пред да наполни 58 години, а веста е голем шок за фановите и сите инволвирани на италијанската фудбалска сцена, која остана без еден од најуспешните менаџери и најблискиот соработник на Роко Комисо.

Бароне е роден на Сицилија, но како дете се преселил со семејството во Њујорк, а во Италија се врати преземајќи ја одговорната функција откако Комисо ја купи Фиорентина.

Срцевиот удар го затекна Бароне во Бергамо и тоа во моментите кога „виолетовите“ се подготвуваа за дерби средбата со Аталанта. Бареоне беше итно пренесен во болница во Милано, а натпреварот беше одложен.


1 view

Comments


bottom of page