Финалињата на Вимблдон ќе се играат пред полни трибини?
Updated: Jun 19, 2021
19.06.2021 Juni Sabota
ТЕНИС
Организаторите на тенискиот гранслем-турнир Вимблдон, објавија дека турнирот ќе се игра пред 50 отсто публика од капацитетот на гледалиштата, бројот на гледачи систематски би растел до последниот викенд, а финалињата во машка и во женска конкуренција е предвидено да се играат пред полни трибини на Централниот терен, пишува „Би-би-си“. Доколку се остварат плановите на организаторите, финалето на Вимблдон ќе биде првиот спортски настан во Велика Британија што ќе се игра пред целосно исполнети трибини од почетокот на пандемијата на ковид-19.
Британецот Енди Мареј, кој има две титули на Вимблдон, петкратната победничка на Вимблдон Венус Вилијамс од САД и шпанскиот тинејџер Карлос Алкараз се меѓу тенисерите што добија т.н. вајлд-карти (покани) за учество на престижниот гранслем-турнир Вимблдон во Лондон, пишува „Гардијан“. Турнирот почнува кон крајот на јуни. Извршната директорка на Вимблдон, Сали Болтон, рече дека ќе биде намален вкупниот награден фонд во однос на 2019 година, од 36,9 милиони фунти на 35 милиони фунти. Шампионите во поединечна конкуренција ќе освојат по 1,7 милион фунти, во 2019 година инкасираа по 2,35 милиони фунти, но зголемен ќе биде износот на паричните награди во раните рунди и во квалификациите.
Commentaires