top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Финалистка на изборот за мис на Англија без грам шминка

Мелиса Руф, која влезе во финалето за мис на Англија, стана првата натпреварувачка на овој избор во 94-годишната историја што не е нашминкана. Таа го импресионирала жирито во Лондон во текот на полуфиналето, откако излегла на модната писта без трошка шминка на лицето. Мелиса се надева дека со овој потег ќе инспирира тоа да го направат и други учеснички на кои им е пријатно во својата кожа.

Влегувањето во финалето Мелиса го опиша како доста стресно искуство, додавајќи дека ѝ изгледало речиси неверојатно оти ќе се случи тоа.

– Ова многу ми значи, бидејќи чувствувам дека голем број девојки на различна возраст се шминкаат затоа што се под притисок да го првата тоа. Јас никогаш не сум имала потреба да ги задоволувам стандардите за убавина. Прифатив дека сум убава во сопствената кожа и затоа одлучив да се натпреварувам без шминка – изјавила Мелиса Руф.


1 view

Comments


bottom of page