top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Финалистите примија само по еден гол, ги имаат најефикасните фудбалерки…

АНГЛИЈА И ГЕРМАНИЈА ЌЕ ИГРААТ ЗА ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА

Англија и Германија ќе играат во неделното финале на Европското првенство (ЕП) за фудбалерки на стадионот „Вембли“ во Лондон. Англија игра за својата прва титула, а најторфејната во ова натпреварување, Германија, за деветтата. Европски прваци биле уште и Норвешка (двапати), Шведска и Холандија. Англија во финалето се пласира со победата во полуфиналето над Шведска, со 4-0, а Германија со триумфот над Франција, со 2-1. Англија на ЕП 2022 постигна рекордни 14 гола, без примен гол во групната фаза, а досега има гол-разлика 20-1. Клучна фудбалерка е Бет Мид, која во групната фаза постигна пет гола, потоа го израмни рекордот на Инка Грингс со шест на едно ЕП за жени, Англија го почна секој натпревар во формација 4-2-3-1 и со исти 11…, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. На рекордот на Мид потоа се приклучи и Германката Александра Поп, која, исто така, постигна шест гола, по што двете се водечки на листата на стрелците на ЕП 2022. Германија прими само еден гол на ЕП 2022 (вкупна гол-разлика 13-1), игра во формација 4-2-3-1, со висок пресинг, напаѓа со многу фудбалерки кога ќе дојде моментот…, пишува, меѓу другото, УЕФА.


1 view

Comentários


bottom of page