top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Финалето го одлучија брејк-шансите: Ѓорческа не ја мина последната пречка и остана без трофеј во Оси

Финалето го одлучија брејк-шансите: Ѓорческа не ја мина последната пречка и остана без трофеј во Осијек

Лина Ѓорческа беше перфектна на претходните четири меча во Осијек и не загуби ниту еден сет на патот до големото финале, но за жал ова попладне не се прикажа во исто издание и остана без посакуваниот трофеј.

Најдобрата македонска тенисерка не успеа да ја оправда фаворитската улога како прва носителка и загуби од изненадувањето на турнирот, Романката Анка Тодони.

Анка вчера успеа да ја елиминира втората носителка во Хрватска, а денеска во Осијек беше подобра и од Лина со максимални 2:0 за еден час и 24 минути игра.

Мечот изобилуваше со брејк шанси и одземени сервиси на противничката, па тоа на крајот се покажа и како клучен сегмент во ова финале, во кое Романката беше поуспешна во клучните моменти .

Тодони направи еден брејк повеќе од Лина во првиот сет за 6:4, а иста беше ситуацијата и во вториот кој заврши со 6:3. Вкупно на мечот видовме десет брејка, од кои шест беа на страна на победничката, а четири на страна на Ѓорческа.


0 views

Comments


bottom of page