top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Филхармонија на отворено“ - концерт во Градскиот парк на Архангел 26 Јули 2021 Понеделник

26.07.2021 Juli Ponedelnik

Во рамки на овој уникатен проект ќе биде изведена музиката на култниот македонски бенд „Архангел“ во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригентот на концертот.

Исклучителна можност да се чујат безвременските песни на еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Филхармонија и фронтменот на „Архангел“ - Ристо Вртев!

Концертот традиционално се реализира во соработка со Град Скопје.

Не пропуштајте!

погледни го видеото


Tрадиционално, во соработка со Град Скопје во понеделник вечер во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Филхармонијата на отворено“, годинава посветен на музиката на еден од најзначајните македонски групи – „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин. Од Филхармонија посочуваат дека публиката на концертот ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд, со кој пораснаа многу генерации. -Секоја година со нетрпение ги очекуваме концертите на Филхармонија во Градскиот парк. Тие се концерти насловени со заедничко име Филхармонија на отворено, и веќе прераснаа во традиција. Годинава концертот ќе биде со „Архангел“. Сите знаеме кои се тие и за нив има многу да се зборува. Само сакам да кажам фронтменот на групата Ристо Вртев за мене е музички волшебник, рече директорката на Филхармонија Тина Иванова. Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев. – Јас не сум пејач, туку автор на песни. Тие можете да ги облечете или како за на бал или во клошарска облека. Кога ги пишував песните, не се гледав во нив. И сега, кога ги слушам во овој звучен амбиент, некако се најдов во нив, рече Вртев. Се надевам, додаде дека, дека овој настан ќе придонесе за нашето Скопје да биде уште поубаво. Диригент на овој концерт, Емин, вели дека тој е голем фан на „Архангел“. -Во понеделник и покрајтоа што ќе бидам дел од изведувачите јас сум фан на Архангел, така што ќе бидам и дел од публиката и тоа ќе биде најголемо уживање за мене. Драго ми е што идејата ја прифатија и Филхармонија и Град Скопје и не поддржаа несебично во овој настан, рече Емин. Особено ми е драго, додаде, што со Вртев успеавме да го склопиме овој проект во едно ново звучно издание. Настанот, вели, ќе биде сниман мултиканално. – Македонската телевизија ќе се погрижи за смимањето. Секако дека постои можност да се најде како носач на звук, па дури и како видео проект, рече Емин. Концертот се оддржува со поддршка на Градот Скопје. – Ми претставува чест и задоволство да најавам дека 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје ќе ја одбележиме со концерт на оркестарот на Филхармонија на отворено во Градскиот парк. Во понеделник во 21 часот ќе имаме можност да уживаме во музиката на култниот скопски и македонски бенд Архангел во автентична оркестрација на Џијан Емин, кој воедно е и диригент на концертот. Станува збор за една исклучителна можност да се чујат безвременските песни на Архангел како еден од најзначајните македонски бендови во изведба на Филхармонија и Ристо Вртев, фронтменот на Архангел, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов додавајќи дека за Градот секогаш било имератив да се поддржи културата. Дизајнот на плакатот за настанот е на Горан Златевски, а концертот ќе биде збогатен и со визуелизацијата на Наташа Поплавска, а анимациите на Дејан Матиќ -Део. Концертот на Филхармонија и Архангел ќе се одржи по сите здравствени протокли за заштита од Ковид-19.




2 views

Comments


bottom of page