top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филхармонија: Концерт „Филиз“ со пијанистката Мари – Анж Нгучи

Оркестарот на Филхармонијата, утревечер (11 мај) со почеток во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Филиз“, на кој како солистка ќе настапи исклучителната пијанистка Мари – Анж Нгучи (Франција/Албанија). Диригент е маестро Џорџ Џексон од Англија, кој првпат ќе застане пред оркестарот на Филхармонијата, а на програмата се „Трагична увертира“ оп. 81 од Јоханес Брамс, Симфонијата бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од Сергеј Рахманинов.

Како исклучително талентирана пијанистка, Мари-Анж Нгучи магистрираше пијано со највисока оценка на Националниот конзерваториум за музика во Париз во 2014, на 16-годишна возраст. Таа ја продолжи својата наобразба, магистрирајќи и докторирајќи на студиите по музичка анализа и музикологија на Универзитетот во Сорбона.

Нејзиниот талент беше препознаен уште по освојувањето на првата награда на меѓународниот натпревар по пијано „Лагни-сур-Марн“ (Франција), во 2011. Во 2015, таа ја доби и првата награда на меѓународниот натпревар по пијано „Мекензи“ во Њујорк. Нејзиниот обемен репертоар се движи од барок до класичен и романтичен, а изведува и современа музика.


0 views

Comments


bottom of page