Филхармонија: „Калеидоскоп“ – концерт со флејтистот Дејан Гавриќ од Србија
„Калеидоскоп“ е насловот на концертот, којшто на 10 декември во 20 часот ќе се одржи во Филхармонија.
Диригент е Најден Тодоров од Бугарија, а како солист на флејта ќе настапи Дејан Гавриќ од Србија. На програмата се „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски и Концертот за флејта и оркестар во де-мол од Карл Филип Емануел Бах.
Дејан Гавриќ е роден во Белград, во 1966 година. Започнал да свири флејта на 11 години. Добитник е на повеќе интернационални награди, меѓу кои и на „Марија Касалс“ во Барселона и „Леонардо де Лоренцо“ во Вијаџо, Италија. Работел како прв флејтист во Филхармонискиот оркестар на театарот во Есен, во Новата филхармонија на Вестфалија, во Филхармонискиот оркестар во Грац. Од 2002 година Дејан Гавриќ е вработен како професор по флејта на Високата школа за музика во Мајнц.
コメント