top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Филхармонија во срцето“ – концерт во чест на два јубилеја

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

„Филхармонија во срцето“ е насловен концертот кој ќе се одржи на 18 ноември во 20 часот, на кој ќе свири Камерниот оркестар на Филхармонија.

Диригент е Дијана Имери Илкоска, а како солисти ќе настапат Елена Дојчинова (флејта) и Владимир Лазаревски (обоа).

Со овој концерт Филхармонија се вклучува во чествувањето на два значајни јубилеи – 180 години од раѓањето на чешкиот композитор Антонин Дворжак и 160 години од раѓањето на рускиот композитор Антон Аренски.

На програмата се „Варијации на тема од Чајковски“ од Аренски, „Серенада“ од Дворжак и „Класична суита“ за камерен оркестар, флејта и обоа од македонскиот композитор Томислав Зографски.


1 view

Yorumlar


bottom of page