top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмските sвезди без маски на црвениот тепих во Кан

Канскиот филмски фестивал се врати, а исто така и ѕвездите на неговиот црвен тепих. Со гламурозни фустани и рој фотографи ова можеби изгледа вообичаено за најголемиот филмски фестивал во светот, сместен на југот на Франција. Оваа година Кан се врати во попридушена форма, со намален број поделени покани. Фестивалот беше свечено отворен во вторникот, повторно откривајќи ја својата опојна мешавина на гламур, политика и контроверзии, со дополнителен шок на sвезди што се бакнуваа без маски, коментираат светските медиуми. Најголемиот филмски фестивал во светот стана жртва на пандемијата во 2020 година, а оваа година сè уште владеат правилата за социјално дистанцирање. Додека на sвездите им беше дозволено да шетаат на црвениот тепих без маски за лице, постоеше строго правило за небакнување, но ова се прекрши речиси веднаш кога почнаа да се качуваат по скалите до фестивалската палата. Меѓу познатите лица на црвениот тепих беа Спајк Ли, Џоди Фостер, Бонг Џон Хо, Џесика Честејн, Хелен Мирен, Бела Хадид и Марион Котијар.





3 views

Comments


bottom of page