ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ “БОГОРОДИЧЕН ПОКРОВ”: Руски документарен филм „Чудата на Блажена Ксенија“
Рускиот документарен филм „Чудата на Блажена Ксенија“ вечерва е на програмата на филмскиот фестивал „Богородичен покров“
Онлајн проекцијата на 66 минутниот документарен филм е закажана за 21.15 часот. Филмот е во режија на А.В. Драницина, а во продукција на „Театар Килизе“ – Русија.
Петебург во 18 век изгледал сосема поинаку од денес. Покрај огромните палати и градини биле дрвени колиби. Во зимските ноќи се слушало како волците вијат. На една од улиците се населиле војното лице Андреј Фјодорович и неговата жена Ксенија блажена. Тие сонуваат за потомство и среќен живот, но, нејзиниот маж починува и тука почнува историјата на Ксенија блажена…
Филмот е прикажан во Русија на фестивалот „Встреча“, на фестивалот „Креативни средби“ на Кипар, а на фестивалот „Свети Владимир“ во Русија ја добива третата награда. За прв пат се прикажува на „Богородичен Покров“ на македонски јазик.
Фестивалот почна на 11 декември, а трае до 26 декември. Се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови од земјава, Русија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Франција.
Филмските проекции се бесплатни, а сите се преведени на македонски јазик.
Comments