top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Јанѕа“ посветен на Конески – во Струга

Во Струга, на 16 ноември ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески, „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека композитор на музиката е Златан Миливоевиќ, а дизајнер на звукот е Дарко Спасовски. Како директори на фотографија се јавуваат Дејан Димески и Петар Кочишки.

По премиерите во Скопје и во Битола, филмот го продолжува својот пат во останатите наши градови. Следната проекција е закажана за 16 ноември 2023 (четврток), во 18 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга. На 17 ноември, во 19 часот, следува уште една проекција на филмот во Струга.

Филмот „Јанѕа“ е подготвуван и сниман во период од три години и ги следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, Блаже Конески.

Во наредните месеци, следуваат проекции на филмот во Штип, на 28 ноември, и во Прилеп, на 13 декември.


1 view

Comentários


bottom of page