top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Хомо“ на Игор Иванов на престижниот фестивал во Варна

24.09.2021 Septemvri Petok

Копродукцијата меѓу Бугарија и Македонија „Само луѓе“ („Хомо“ – оригиналниот наслов на македонски), на познатиот македонски режисер Игор Иванов – Изи, за првпат е прикажана на 39. издание на Фестивалот на бугарски игран филм „Златна роза“ во Конгресниот центар во Варна.

Пред неколку дена, филмот на Иванов беше претставен на тековниот филмски фестивал во Софија, во Националната палата на културата (НДК). Неговото претставување во киното Лумиер, го проследија многу гледачи, меѓу нив и познати претставници на културната елита и странски дипломати во Бугарија. На крајот на Софискиот филмски фестивал, во Куќата на киното ќе биде прикажан филмот на познатиот македонски режисер кој работи на релација меѓу Балканот, Европа и САД Милчо Манчевски – „Пред дождот“, кој се закити со „Златен лав“ во Венеција во 1994 година, а беше номиниран за Оскар во 1995 година за најдобар филм на странски јазици.


1 view

Comments


bottom of page