top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска во трка за „Златна палма“ во Кан

16.06.2021 Juni Sreda

Краткиот игран филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска е номиниран за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.

„Северен пол“ е меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни филмови од страна на фестивалот.

Финалните десет остварувања се во трка за освојување на престижната награда за краток филм, а победникот ќе биде објавен на свеченото затворање на фестивалот на 17 јули.

„Северен пол“ е приказна за 16-годишна девојка која се обидува да пронајде каде припаѓа. Главните улоги ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, а тон снимател Игор Поповски.

Филмот се снимаше на локации во Скопје и Македонска Каменица при крајот на јануари годинава и според ковид-19 протоколи.

Остварувањето е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков од „Кино око“, а копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од „Сервиа Филм“. Финансиски е поддржан од Агенцијата за филм и Српскиот филмски центар, а проектот беше еден од двата наградени филмови на програмата European Short Pitch – Nisi Masa, 2019.

74. издание на Kанскиот филмски фестивал, годинава ќе се одржи од 6 до 17 јули.


4 views

Comments


bottom of page