Филмот „Северен Пол“ на Апчевска-Петровска најдобар во Богота
По освојувањето на „Големата награда” на фестивалот во Билбао, квалификувањето за Оскар, номинацијата за Европските филмски награди, освојувањето на наградата „Златна колица” за најдобар краток филм на „Загреб Филм Фестивал”, филмот „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино Oко” ја доби наградата „Санта Луциа” за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота. Следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, а костимограф Биљана Гргур. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа Филм, Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи Продукција од Унгарија.
„Северен Пол” е финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на РС Македонија и Српскиот филмски центар.
Comments