top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ вечер во Кинотека

„Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“ е насловот на документарниот филм во режија на Јохан Ског, што ќе биде прикажан вечер и утре во Кинотеката. Филмот е емотивно патување за исполнувањето на желбата на Ема, девојка со попреченост да зачекори на модна писта.

Како што соопштија организаторите, станува збор за особено популарен филм во Шведска, во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.

Филмот покажува колку е важно да се бориме за нашите соништа и да веруваме дека можеме да ги надминеме сопствените граници.

-Приказната ја следи Ема Ертлунд, девојка со интелектуална попреченост како го остварува својот сон да учествува на модна ревија. Заедно со група актери од театарот „Глада Худик“ возбудливо и емотивно патување започнува со цел да се оствари сонот на Ема, да биде во центарот на вниманието на голема модна ревија, се наведува во соопштението.

Сценариото е на Терезе Брингхолм, Лиа Сидерштром и Јохан Ског, а улогите ги толкуваат Ема Ертлунд, Никлас Хилберт, Пер Јохансон, Ида Јохансон, Аника Гранлунд Јонсон..

Секој гледач ќе добие подарок – книга „Не престанувајте да се гушкате“ на Оса Елмрот – книга со цитати и мудри мисли на актерите од театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска. Книгата неодамна беше преведена на македонски јазик, во рамки на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е „Глада Худик“, со поддршка на Шведскиот институт.

Театарот „Глада Худик“ е основан во 1996 година од Пер Јохансон, кој смета дека секој од нас треба да биде продолжена рака на луѓето што имаат некаква попреченост.


1 view

Comentarios


bottom of page