top of page

Филмот “Мими“ на Пејовски со три дополнителни проекции во Кинотека

Психолошката драма “Мими“, вториот игран филм на Даријан Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката. Од овие причини Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20:00 ч.

Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ.

“Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.

Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови.


 
 
 

Comments


bottom of page