top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филмот „Матрикс: Воскреснувања“ – стигна во градските кина

Еден од најочекуваните филмови годинава секако е четвртиот дел на американската научна фантастична акција, „Матрикс“ – „ Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections). Светската премиера се случи на 22 декември, а филмот веќе може да се погледне и во градските кина. Режијата е на Лана Вачовски, а во главните улоги се враќаат Кијану Ривс и Кери Ен Мос.

Да потсетиме, првиот дел – насловен „Матрикс“ беше снимен во 1999, според сценарио и режија на сестрите Вачовски (претходно браќата Енди и Лари). Во главните улоги тогаш покрај Ривс и Мос, настапи Лоренс Фишбурн, кој не се појавува во четвртото продолжение. Поради своето сценарио и визуелните ефекти филмот предизвика голем интерес и се здоби со статусот на култен филм. По првиот дел беа снимени уште две продолженија: „Матрица релоадед“ и „Матрица револуции“.


0 views

Comments


bottom of page