Search
Филмот „Исчезнатиот“ со награда за најдобра фотографија на фестивал во Турција
Updated: Oct 6, 2021
04.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
На 5-то издание на Анадолија Интернатионал филм фестивал што се одржа онлајн во септември во Истанбул, Турција, филмот „Исчезнатиот“ по сценарио и режија на Арбен Тачи ја освои наградата за најдобра фотографија.
Филмот е снимен од директорот на фотографија Владимир Самоиловски и ова e прва меѓународна награда што ја доби филмот, кој по премиерата во јуни и по два специјални настапи на Прифилм фест во Приштина и ТИФФ Ода во Тетово, се натпреваруваше во официјалната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, Албанија.
Инаку, филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и делумно од Центарот за Кинематографија на Косово и Националниот Кинематографски Центар на Албанија.
Comments